(ВИДЕО) ФИЛИП ГИ ПОРАЗИ ГРЧКИТЕ ГРАДОВИ: Слободата падна пред нападот на “Македонското злато” !

Клаудијан од Александрија во 395 година се преселил во Рим, каде по кратко време станал поет во дворот на императорот Хонориј. Своите дела ги пишувал на латински, а денес нивната вредност е непроценлива. Се верува дека починал во 404 година.

Во неговото дело “Војната против Гилдо”, Клаудијан пишува за Филип II Македонски и за Македонците.

“…Филип ги поразил грчките градови. Слободата паднала пред нападот на “МАКЕДОНСКОТО ЗЛАТО”.

Македонското злато е синоним за македонската моќ. Клаудијан јасно определува дека античките Македонци не биле Грци.

Друг историски лик кој ги одделува античките Македонци од Грците бил Цицерон. Тој бил роден во 106 година пред нашата ера, а починал во 43 година пред нашата ера. Тој е познат римски фолозоф, оратор, правник… Цицерон бил во кофликт со Гај Јулиј Цезар, па бил преместен во Македонија каде поминал една година. Подоцна бил повикан да се врати назад во Рим.

Во неговото дело “In Pisonem”, Цицерон јасно ги напишал границите на Грција во тоа време.

ВО писмо адресирано до Епикур, Цицерон напишал дека според правото на Цезар: “…Цела Ахаиа, Тесалија и Атина, на кратко цела Грција, беше пред вас…”.

Цицерон многу јасно определува дека грчките острови го опфаќаат просторот околу Атина и Тесалија. Македонија воопшто не е спомената како “грчка земја”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.