Свештеници во Тајланд одгледуваат обезглавена кокошка, на која минатата недела некој и ја отсекол главата, а таа и понатаму живее нормално.
Птицата е пронајдена во округот Муеанг Рачабури во централен Тајланд, а ветеринарот кој се грижел за неа, ја нарекол “вистински борец”.
Иако нема глава, оваа кокошка има заштитници кои ја хранат и ја негуваат. Ветеринарот ја хранел со вбризгување на храната директно во хранопроводот, а на ист начин и ги давал и антибиотиците.