Откако се појавија, ГИФ анимациите се една од омилените работи на интернет.
Поради тоа од Фејсбук решија да им овозможат на корисниците ГИФ-овите, од 15 јуни, да ги ставаат и во коментари.
Увидувајќи ја нивната популарност во форма на статуси, се верува дека истата популарност ќе ја имаат и во облик на коментари.
Опцијата за ГИФ-ови се наоѓа одма под “икончето” за “смајли” во полето за пишување на коментари. Со кликнување на неа, корисниците ќе добијат илјадници ГИФ-ови кои може да ги одберат.
Ф.Г.