Илјада туристи биле приморани да ги напуштат туристичките места во Британија кога се нашле на удар на “интензивно, опасно супер-невреме”.
Во некои места се предвидува за еден час да наврне колку што би наврнало за еден месец. За да биде ситуацијата уште поалармантна, во земјата се забележани 70.000 удари од громови со вкупна сила од 17 милиони киловолти, а прогнозите најавуваат уште полошо невреме.
Исто така, ураган со брзина од 150 километри на час ги “залепил” бродовите за Ла Манш.
Ф.Г.