(ВИДЕО) Тригодишно девојче поминало 11 дена во шума со волци и мечки: Ја спасиле на неверојатен начин

Тригодишната Карина Чикитова живее со својата мајка во Сибир, но едно утро одлучила да го посети својот татко кој живее во соседното село.

Често одела сама кај него, бидејќи тој не бил многу оддалечен. Кога стигнала во селото, нејзиниот татко не бил дома, па таа одлучила да го бара.

Така се загубила во огромните сибирски шуми. Дури и возрасните одат исклучиво вооружани во таа шума, бидејќи е преполна со волци и мечки. Девојчето било само со своето куче.

Родителите на Карина ужасно се загрижиле кога дознале дека нивната ќерка исчезнала. Температурата таа ноќ била под нулата. Многу луѓе тргнале во потрага по девојчето, но не можеле да ја пронајдат.

По 11 дена, нејзиното куче се вратило во селото. Мештаните го очекувале најлошото. Но, кучето повторно тргнало назад, а луѓето одлучиле да го следат. Кога стигнале таму, не можеле да му веруваат на очите:

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.