Мел Бернштајн оправдано го нарекуваат “најнаоружаниот човек во Америка”, меѓутоа по се изгледа за него првото место е резеревирано и на светско ниво. Поради немилите масовни колежи, во американската јавност се води полемика околу достапноста на огненото оружје. Сепак, народот е поделен, а како што обично се случува, јужните држави сметаат дека поседувањето на пушки е дел од националниот идентитет. Се чини дека прашањето за “разоружување” за Американците е скокотлива тема.
Мел поседува повеќе од 4.000 смртоносни алати: 200 автоматски пушки, минифрлач, базука, фрлач на оган, па дури и неколку тенкови.
Неверојатен е фактот дека се’ што поседува е легално во државата Колорадо!
“Едноставно стануваш зависен од нив, тоа ти влегува во крвта”, вели Мел.
А/Г/