Атмосферата околу претседателските избори во Русија, кои ќе се одржат во март следната година, секојдневно се подгрева, особено откако во медиумите последните денови се појави информацијата дека во трка влегуваат две дами – Ксенија Собчак и Екатерина Гордон.
Актуелниот претседател на Русија Владимир Путин сеуште не се изјаснил дали ќе се кандидира на изборите, сепак малкумина веруваат дека тоа нема да се случи.
Според анкетите спроведени меѓу населението, Путин ужива огромна популарност, а на изборите се претпоставува дека ќе го поддржат дури 65 % од Русите.
Geopolitics, nannies, literature, BitCoin, kungfu, compression tights. AKA following @xeniasobchak on campaign trail https://t.co/oo2aB3RA6b
— Oliver Carroll (@olliecarroll) October 31, 2017
Водителката Собчак својата одлука да се кандидира на изборите ја соопштила преку видео на “Jутјуб”.
“Имам 36 години, а кога Владимир Путин дојде на власт, имав 18. Тие кои се родиле тогаш сега прв пат ќе излезат да гласаат. Па, нема барем и мојот едногодишен син за 18 години да оди на избори на кои Путин одново ќе биде кандидат”, изјавила најпопуларната руска трендсетерка и водителка на забавни емисии Ксенија Собчак.
Loud and divisive, Ksenia Sobchak @xenia_sobchak knows how to put on a show, and she will be heard.
https://t.co/O84WXsH6qs pic.twitter.com/hkt2nqw8wz— The Moscow Times (@MoscowTimes) October 30, 2017
Руската новинарка е ќерка на првиот посткомунистички градоначалник на Санкт Петербург, Ксенија Собчак, објави дека ќе се кандидира на изборите за претседател на Руската Федерација, кои ќе се одржат во 2018 година.
Таа со години е синоним на светот со познати и секс, била модел на “Плејбој”, уредник е на “L’Officiel Russia”, имала свое ријалити шоу, а таблоидите ја обожаваат затоа што таа е непресушен извор на скандали .
Новинарката Екатерина Гордон рекла дека влегува во претседателската трка, затоа што сака изборите да ги искористи како кампања за правата на самохраните мајки и деца.
Гордон, која работи како телевизиски и радио водител, рекла дека влегува во трката како независен кандидат за претседател, пренесува Ројтерс.
Not sexism but admiration for beauty. This is Ekaterina Gordon, another future candidate to compete #Putin on presidential election in 2018 pic.twitter.com/13v5SIBIKG
— Alexander Khrebet (@AlexKhrebet) October 30, 2017
Гордон не е член на ниту една политичка партија, а ќе и требаат околу 300.000 потписи за да стане кандидат за претседател.
“Не сум претставник на гламурот, не сум родена со сребрена лажичка”, рекла таа на видео снимка.
https://twitter.com/Ruptly/status/925146553009840128
А/Г/