Претседателот на САД Доналд Трамп одржа едночасовен говор во Охајо и во таа прилика изјави дека американските сили многу брзо ќе ја напуштат Сирија.
– Ја уништуваме Исламската држава. Излегуваме од Сирија, многу наскоро. Ќе им оставиме на другите да се грижа за тоа, рекол Трамп на денешниот говор.
Како што вели тој, иако никој не му верува, тој бил против операција во Сирија од самиот почеток, но нагласи дека американските војници сигурно ќе ја уништат Исламска држава и ќе се вратат назад во својата земја.