Безбедносните камери во едно кафуле во Подгорица ја снимиле веројатно најсмешната кражба која некогаш се случила, а сопственикот на кафулето видеото веднаш го споделил на социјалните мрежи.
На видеото кое се појави на Фејсбук страницата “Подгорички времеплов” се гледа како крадецот почека келнерот да го напушти кафулето, а потоа тој “прелета” до шанкот.
Кога ги зеде парите, се врати на масата, опуштено го испи своето кафе и го напушти угостителскиот објект.
Ф.Г.