(ВИДЕО): Сугарески доби одговор од колегата: Бегалци ќе има, и тоа многу во Мaкедонија!?

Македонија е подготвена да досели мигранти, вели шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во изјава за Дојче Веле.

Димитров, кој само пред неколку дена изјави дека никој до сега немал побарано од Македонија да стане земја дестинација за бегалци, сега самиот се понуди и вели дека нашата земја била подготвена да досели мигранти.

По ваквата скандалозна изјава на Димитров, излегува на површина самата стратегија предложена од Владата на СДСМ, Зоран Заев и министерството на Мила Царовска, во која стои дека до крајот на годината предвидено е почнување на 71 проект.

Во секторот „Домување“ се вели дека треба „да се идентификуваат и обезбедат парцели на државно земјиште на располагање за инвестирање во социјални станови“. Очекувањата на Владата и Министерството се „Достапни локации за изградба на социјални станови“.

Од општините се бара  „барем 100 единици – локации да станат достапни“, а иако не е одредено колкав ќе биде, буџетот се предвидува да биде обезбеден од државата и да биде 100 процентен.

Општините со кои не раководи СДСМ се кренаа против ваквата стратегија, прифајќајќи граѓаните на референдум да се изјаснат за идејата во Македонија да се населуваат мигранти.

Извор:Курир




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.