Најозлогласениот затвор на Балканот за време на Југославија, денес ги привлекува туристите од Балканот, но и од други европски држави.
На видеото има повеќе сцени од внатрешноста на местото на кое брутално биле измачувани многу луѓе. Денес објектите се речиси целосно уништени.
Изгребени лини на ѕидовите, стакло по подовите, искршени врати и прозорци, испишани букви, зарѓани врати од ќелии, се само дел од сцените кои се забележани.
Странците “Голи оток” го нарекоа “напуштениот Алкатраз на Балканот”.
За време на СФР Југославија, Голи оток бил затвор, работен логор и мачилиште за политички затвореници. Низ логорот поминале вкупно 16.101 затвореници.
Ф.Г.