(ВИДЕО) Сорос од Давос удри по сите: Од претседателот до биткоините, а еве чија пропаст ја најави

Aмериканскиот мултимилијардер, Џорџ Сорос денеска ги нападна сите на форумот во Давос.

На Светскиот економски форум кој се одржува во овој град тој упати критики кон владата на Трамп, социјалните мрежи, биткоинот…..

Администрацијата на Трамп според него е “најголемата опасност на светот”.

Се свртил и кон Русија, а за администрацијата на Трамп рекол дека сака да направи мафијашка држава која ги гуши човековите права, но не успева во тоа поради силата на американските институции.

Критики упатил и кон Доналд Трамп и поради Северна Кореја, тврдејќи дека САД е “на патот кон нуклеарна војна, затоа што не сака да прифати дека Северна Кореја стана нуклеарна сила”.

“САД би можеле превентивно да употребат нуклеарно оружје, што значи дека би започнала нуклеарна војна со цел да спречат нуклеарна војна, што е очигледно контрадикторна стратегија”, рекол тој.

Сепак, заклучил дека опасноста која Трамп ја претставува “е чисто привремен феномен кој ќе исчезне до 2020 година, или можеби порано”.

Додал дека користи свој фонд на отвореното општество и милијарди долари кои ги префрлил на него со цел да “ги заштити демократските достигнувања од минатото”. “Не е само опстанокот на отвореното општество ставено на коцка, туку и целата наша цивилизација”, а Трамп и Ким имаат многу голема врска со таа опасност, заклучил Сорос.

Сорос ги нападнал интернетот, Фејсбук и Гугл. Ги опишал како “семоќни монополи”, кои би можеле да бидат во искушение да се поврзуваат со “авторитарни режими” поради создавање “тоталитарни мрежи”.

“Фактот дека тие се речиси монополистички дистрибутери ги прави јавни комунални улоги и би требало да се подложат на строги регулаци, насочени кон одржување на конкуренцијата, иновациите и универзалниот јавен пристап”.

Предвидел и дека Фејсбук ќе остане без луѓе во наредните 3 години.

“Давос е добро место за објава дека неговите денови се одбројани”, рекол тој.

На прашање за биткоините рекол дека “тоа не е валута”, коментирајќи дека нивниот чест раст е “типичен балон од сапун” и дека не им верува.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.