Советничката група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, демонстративно ја напуштија денешната седница на Советот на Општина Ѓорче Петров.
-Сакам во името на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ да изразам голем протест и бојкот и солидарност со тие оние кои се уставобранители и кои во моментов се неправедно притворени. Има други луѓе кои го прекршија Уставот, а во моментот ги водат институциите на Република Македонија. Ние денес сакаме да изразиме солидарност со уставобранителите и да извршиме еден терористички акт пеејќи ја државната химна на Република Македонија, истакна пред Советот, Марија Андоновска советничка од ВМРО-ДПМНЕ.
-Остануваме доследни на поддршката за притворените уставобранители од настаните од 27-ми април и нема да присуствуваме на следните седници каде што тие ќе бидат исто така искористувани од полза на власта. Остануваме да ги поддржуваме се додека не падне оваа полициска хунта, истакна советникот Данијел Апостолоски.