(ВИДЕО) Се омажиле за диктатори и станале полоши од нив: Oва се најбогатите први дами во светот

Многу жени кои кога се омажиле станале први дами на своите држави живееле во луксуз, пари, притоа не грижејќи се за патењето на својот народ кој живее во беда и нема што да јаде. Некои од нив, кога се омажиле за диктатори и допреле до моќтта, се пресметувале со политичките противници и безмилосно ги трошеле државните пари.

Грејс Мугабе се до неодамна беше прва дама на Зимбабве, а на тронот се одржа од 1996 година кога како 31-годишна се омажила за 40 години постариот Роберт Мугабе. После воениот пуч пред две недели, побегна од земјата и од тогаш и се губи секаков траг

Викиликс во 2010 година откри дека високите државни претставници, заедно со Грејс организирале приватни копачи на руда во рудникот Чиаџа во источниот дел на земјата, кои за нив рачно ваделе дијаманти. На тој начин Грејс присвоила околу 15 милиони долари.

Грејс е позната по својот раскошен живот, па западните медиуми ја нарекуваа “Гучи Грејс”. Уште од 2003 година медиумите пишувале дека за време нејзниот престој во Париз потрошила 120.000 долари кога се вратила од “мал шопинг”.

Мугабе владееше 37 години, а многумина сметаат дека токму таа е крива што тој изгубил чувство за нивните потреби.

Кога пролетта беше објавено на социјалните мрежи дека починала Имелда Маркос, коментарите беа од пристојни, до сосема навредливи. Меѓутоа, се покажа дека веста е лажна. Кога и кажале дека е прогласена за мртва, Имелда (88), само се насмеала и рекла: “Жива сум повеќе од било кога, само сум многу стара”.

Светот добро ја памети Имелда Маркос, некогашната прва дама на Филипините и вдовицата на диктаторот Фердинанд Маркос. Средината на 80-тите години светот беше вчудоневиден, кога после падот на Маркос, луѓето влегле во нивната резиденција и пронашле посебна просторија во која сопругата на диктаторот ги чувала своите чевли.

На десетици полици, се наоѓале дури 34.000 парови разнобојни штикли. Истовремено филипинскиот народ умирал од глад.

Неа ја обвиниле дека за време на владеењето на нејзиниот сопруг украла милијарди од државната каса. Иако таа 1986 година се чинело дека ќе биде најстрого казнета, таа никогаш не е осудена.

Ако ништо друго, во Романија можат да бидат благодарни на сопругата од Николае Чаушеску за најраскошниот музеј во Европа. До душа, романскиот народ сето тоа го платил и со многу животи.

Тоа била причината зошто се кренала револуцијата на 16 декември 1989 година во Букурешт, а недела дена подоцна диктаторот Николае Чаушеску и неговата сопруга Елена биле стрелани. Елена уживала во колекцијата од крзнени бунди од најразлични диви животни.

Во нејзините ормани имало бунди од леопарди, тигри, зебри, јагуари и поларни лисици. Денес може да се разгледа и големата палата која за неа ја изградил нејзиниот сопруг.

Тоа е најголемата палата во Европа, а внатре се крие вистинско богатство кое Елена го нарачувала од сите краишта на светот. Па така таму имало околу 220.000 квадратни метри скапоцени теписони и 3,5 тони разни кристали. Најголемиот тепих е тежок 1,5 тони.

Кога на 22 декември 1989 година Николај излегол на балконот на палатата да одржи говор и да ги смири разгневените маси, народот почнал да го исфиркува.

 

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.