(ВИДЕО) Сериски убиец дивее низ ФЛОРИДА: Четврта жртва пронајдена изрешетена на улица

Тело на маж пронајдено е во раните утрински часови на улицата во Тампа на Флорида, што е четврто убиство во последната недела дена. Жителите се сомневаат дека убиствата се поврзани со сериски убиец.

Полицијата изјавила дека жителите од округот Семинол Хајтс пријавиле дека слушнале пукање околу 5:00 часот во вторникот утрото. Кога истражителите пристигнале на местото на злосторството, на улицата пронашле тело на маж.

Портпаролот на полицијата, Стив Хегарти изјавил дека обвинителите и понатаму не можат да потврдат дека ова убиство е поврзано со претходните, кога три лица биле убиени во само 10 дена. Оправдано, сите се сомневаат на сериски убиец, бидејќи мотивот на прв поглед не постои и ниту една жртва не е ограбена.

Полицијата во јавност пуштила видео од надзорните камери на кои се гледа осомничениот со капуљача на главата.

За само 10 дена убиени се Бенџамин Мичел (22), Моника Хофа (32) и  Ентони Наибо (20).

Градоначалникот на Тампа, Боб Бакхорн и наредил на полицијата сите сили да ги упати на “ловење” на убиецот и побарал да му ја “донесат неговата глава”.

 

A/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.