(ВИДЕО) СТРАШНО: Кајакар не забележал дека околу него кружи огромна ајкула

Недалеку од Корнвел, Англија, минувачите здогледале огромна ајкула.

Рејчел Хоксен го забележала и моментот кога големата ајкула пливала на неколку метри оддалеченост од кајакар, кој не бил свесен за ситуацијата во која се наоѓа.

Станува збор за гигантска ајкула, најголемата риба кој плива во водите близу Британија. Обично се појавува во пролет и лето.

Гигантската ајкула обично се храни со планктон и ја филтрира водата, а кога ќе ја отвори устата, изгледа застрашувачки.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.