Трудна Кинескиња се самоубила откако нејзиното семејство не сакало да чуе за царски рез.
27-годишната жена, идентификувана само како Ма, патела од болки откако започнала да се породува. Ма била во 41-та недела од бременоста, кога на 31 август скокнала од болницата во северната провинција Шанци, се убила себе си и нероденото дете.
Лекарите и рекле дека класичен пораѓај би бил навистина ризичен, пишува списанието Чајна Економик Дејли. Кинескиот закон предвидува медицинските работници да бараат одобрение од семејството пред да извршат поголема операција.
Портпаролката на болницата рекла: “Семејството рекло дека разбираат, но одбиле да се изврши операција и сакале да ја набљудуваат ситуацијата”. Но, нејзиниот сопруг, идентификуван како Јан, за медиумите рекол: “Не се согласивме со царски рез”.
А/Г/