(ВИДЕО) СО ДРОН НИЗ АУШВИЦ: Ќе ве полазат морници !

Аушвиц бил најголемиот комплекс на концентрациони логори на Нацистичка Германија во текот на Втората светска војна сместен во близина на Освјенќим во Полска, околу 50 км западно од Краков. По германската окупација на Полска во 1939, Ошвјечим бил дел од полската територија анектирана кон Германија. Нацистите го раселиле целокупното население во околината на местото, за да обезбедат тајност на операцијата. Во целиот реон постоеле околу 40 придружни логори, со различен број на затвореници, од неколку десетици до неколку илјади. Во Аушвиц животот го загубиле над еден милион луѓе.

Ова место денес го посетуваат туристи и сведок е на времето кое никогаш не смее да се повтори.

Со помош на дрон опремен со најсовремена технологија можете да видите како изгледа најголемиот логор на Нацистичка Германија од птичја перспектива. Ќе ве полазат морници.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.