(ВИДЕО) СЛУЧАЈНА СРЕДБА ОТКРИ СТРАШНА ГРЕШКА: Двете мајки се сомневаат дека децата им биле заменети во болница – сега ги чекаат ДНК резултатите

Две мајки од Бразил ги чекаат резултатите од ДНК тестот кој треба да покаже дали нивните деветмесечни синови биле помешани во породилиштето по раѓањето.

Франциела Монтеиро Гарсија и Ериванија да Силва Сантос од градот Алта Флореста, извршиле ДНК тестирање како би утврдиле дали во породилиштето е направена голема грешка.

Грешката е откриена пет месеци по раѓањето на децата, на рутински преглед, кога Франциела ја забележала сличноста на другото бебе со нејзиниот сопруг.

Ја контактирала Ериванија, а кога и таа подобро забележала сфатила дека децата се помешани во болницата. Двете жени се породиле на истиот ден , 20 мај 2017 година, во истата болница.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.