Организацијата на Обединетите Нации започна истрага против поранешен висок претставник, поврзан со британска хуманитарна организација. Тој е веќе уапсен поради тешко сексуално насилство врз деца.
Полицијата соопшти дека го пронашла Канаѓанецот Питер Далгиш (60) со две момчиња од 12 и 14 години во иста просторија, кога вршеле претрес во неговиот дом во Непал.
Далигиш бил на повеќе високи позиции во ООН. За време на 2015 година тој бил претставник на ООН во Кабул.
Детективите тврдат дека вршел насилство врз деца 15 години, а едно од момчињата ја потврдило оваа информација.
Претставниците на ООН соопштија дека пред три месеци работници од хуманитарна организација им укажале за неговото однесување.