Пријателската утакмица меѓу клубот на Охрид и романскиот петтолигаш Тимисул Урсенија, одиграна во Македонија стана вистински хит на Балканот.
Фудбалерот на романскиот тим остана да лежи на тревата барајќи лекарска помош.
Со голема брзина влета “автомобилот на брзата помош”. Односно тоа беше количка, прилагодена за вакви ситуации.
Шокот на лицата на романските фудбалери набрзо се претвори во насмевка, па фудбалерот на гостинската екипа стана на нозе, а со тоа стана и ѕвезда на моментот.
Ф.Г.