Кинески рибар се изненадил кога од својата мрежа извлекол морско чудовиште тешко два тони.
Тој вели дека “китот ајкула” случајно се заплеткал во мрежата и дека би било штета месото да пропадне, па затоа
одлучил да го продаде.
Иако се работи за строго заштитен и загрозен вид, рибарот и неговиот помошник тврдат дека не знаеле за тој закон.
– Кога ја вадевме мрежата од морето, забележавме голема дупка од едната страна. Веруваме дека големата риба ја пробила мрежата за да ги изеде останатите риби кои биле уловени, вели кинескиот рибар, пренсува Морски.хр.