(ВИДЕО) РЕШЕНА МИСТЕРИЈАТА СТАРА 4.000 ГОДИНИ: ФБИ го откри идентитетот на мумијата пронајдена во 1915 година

Кога решиле да се позанимаваат со мумифицираната глава од Египет, која предизвика големо внимание во јавноста, истражувачите од бостонскиот музеј и Универзитетот Харвард не биле сигурни дали пред нив се наоѓа маж или жена. Поради ова тие побарале помош од форензичарите на ФБИ.

Тоа за ФБИ било средба со најстарите остатоци кои морале да ги истражуваат, пишува Њујорк Тајмс. Оваа мумифицирана глава, одвоена од телото, пронајдена е во египетска гробница во 1915 година, а научниците морале да соберат ДНК како би откриле на кого припаѓа главата.

Главата ја откриле американски археолози кои ги истражувале древните египетски некролози во Деир ел Берши, околу 289 километри оддалеченост од Каиро.

Просторијата која научниците ја нарекле Гробница 10 А, била последното почивалиште на египетскиот племенски лидер Џахутунокт и неговата сопруга, наведува Њујорк Тајмс.

ОСтатоците по откривањето останале во бостонскиот музеј, а се до 2009 година биле непознати за јавноста, додека музејот не ги изложил.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.