Мумифицираниот костур откриен во пустината во Чиле пред 15 години е најчудното нешто пронајдено на тој простор. Некои луѓе тврдат дека станува збор за вонземјанин.
Должината на скелетот е 15 центиметри, но според проценката, станува збор за дете на старост од 6 до 8 години.
Долгиот, заоблен череп, косите очи и малиот број на ребра- 10 парови, само ги пробудија сомнежите.
Се отворија прашања за тоа дали станува збор за неидентификуван примат или вонземски облик на живот.
Скелетот наречен Ата, беше прикажан на ТВ емисија и на документарец, во кој истражувачи на НЛО се обидуваат да го откријат потеклото на АТА.