Вечерва поголема група граѓани протестираа пред куќата на пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски во скопско Бардовци, јавува Република.
Околку 60 полицајци го обезбедуваа имотот на Ременски пред граѓаните кои го искажуваат своето незадоволство кон пратениците на СДСМ кои што гласаа за донесување на Законот за употреба на јазиците, пишува порталот.
Освен кај Ременски, незадоволни граѓани деновиве протестираа во десетина градови низ државата како и пред куќите на пратениците на СДСМ. Тие протестираа пред домовите на Кети Смилеска и Панче Иванов, во Виница беше запален автомобилот на пратеничката Славица Шуманска – Митева од СДСМ, а викендов протести имаше и во Прилеп и Битола.