(ВИДЕО) Пронајдена е подморницата со која Хитлер избегал во Јужна Америка

Германската подморница со која, според теоретичарите на заговори, Адолф Хитлер пребегал во Јужна Америка по Втората светска војна, пронајдена е недалеку од брегот на Данска.

Пловилото У-3523 припаѓа на класата XXI, и e една од првите подморници дизајнирани за подолг престој под вода. Нејзиниот капацитет теоретски овозможува непрекината пловидба до Јужна Америка.

Била потопена од британскиот бомбардер Б-24 Ослободител, пред 73 години, на 6 мај 1945, денот кога антинацистичкиот сојуз ја ослободил Данска од нацистичката окупација. Притоа загинале сите 58 членови на екипажот. Подморницата во тој момент се движела во правец кон Норвешка.

Досега, неможноста да се пронајде подморницата, со децении поттикнуваше бројни гласини дека, на пример, Хитлер го искористил пловилото за бегство во Аргентина.

Истражувачите наведуваат дека нема докази за присуство на некој нацистички лидер во подморницата.

У-3523 е пронајдена во близина на Скаген, најсеверниот град во Данска, а 15 километри од позицијата која ја означил британскиот бомбардер. Се наоѓала вкопана во морското дно, на длабочина од 123 метри.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.