Два дена не стивнуваат рекациите на граѓаните кои вчера и денеска ги користат патните правци Прилеп-Македонски Брод и Прилеп-Градско, особено на планинските превои Барбарас и Плетвар.
Возачите стравуваат за нивниот живот додека поминуваат преку овие превои, а причината е неисчистениот пат целосно затрупан под снег.
До нас пристигна и видео од планинскиот превој Барбарас, па од снимката најдобро можете да се уверите со што се соочуваат возачите.