Луѓето кои носат очила знаат со какви непријатности се соочуваат за време на студените денови кога ќе влезат од ладна во топла просторија – стаклата се замаглуваат и не можат да видат ништо.
За да го избегнете тоа, земете мека крпа, на неа ставете малку течен сапун па пребришете ги стаклата на очилата. Оставете да се исушат околу 15 минути, а потоа пребришете ги со микрофибер крпа.
На стаклата ќе остане заштитен слој кој ќе ги штити од замаглување.
А/Г/