Луѓето под дејство на алкохол се во состојба да направат секакви глупости, но овој човек навистина ги премина границите.
Имено, овој 35-годишен маж ја прескокна оградата во Зоолошката градина “Хидербат” во природниот резерват Мир Алам Танк во Индија, бидејќи верувале или не, сакал да се ракува со лавовите. За тоа дека колку е чудна оваа ситуација покажува и тоа што животните беа целосно збунети од потегот на залутаниот пијан посетител.
Ф.Г.