Вработените на аеродромот во германски Дизелдорф вчера биле во шок кога од контролната кула виделе дека еден авион лета многу блиску до зградата на аеродромот. Изгледало како да ќе се забие во зградата.
Станувало збор за аеродромот на компанијата „Аир Бермин“, на летот од Мајами за Дизелдорф. Пилотот свртел премногу на лево пред да слета на пистата, па авионот прелетал точно покрај зградата на аеродромот.
Снимките биле објавени на социјалните мрежи, а според гласовите кои се слушаат на истите, изгледа како да не станувало збор за опасност, туку за претстава на пилотот.
Сепак, од таа компанија уште не се огласиле за овој случај, па уште не се знае за што станувало збор.