Семејство од Перу тврди дека со години е тероризирано од проколната кукла. Од семејството Нуњез сведочат за многу паранормални активности на русокосата кукла со име Сарита.
Ивон Нуњез, мајка на три деца, вели дека куклата ја добиле како подарок од внуката која во меѓувреме починала. Ивон тврди дека чудни работи започнале да се случуваат откако починало девојчето.
– Едноставно не можеме да ја отстраниме куклата, бидејќи таа ни е единствен спомен од внуката – вели Ивон.