(ВИДЕО) ПОТРАГА ПО БОГАТСТВОТО ОД “КРАЛОТ НА КОКАИНОТ”: Нуркачи ја бараат подморницата на Ескобар и богатството од 50 милијарди долари

“Кралот на кокаинот”, Пабло Ескобар, користел подморница за транспорт на кокаин од Колумбија во Порторико, а потоа дрогата ја пренесувал во САД. Поранешни агенти на ЦИА пронашле една потопена подморница за која се верува дека е онаа на Ескобар со која ја пренесувал дрогата.

Ако пронајдената подморница е навистина негова, би можело да се открие и местото на кое Ескобар го сокрил богатството од над 50 милијарди долари.

Нуркачите кои некогаш работеле за ЦИА, Даг Лукс и Бен Смит, за сега пребаруваат непозната локација на брегот на Колумбија, а минатиот месец “Дискавери” ги следеше овие двајца ловци на богатството на Ескобар.

Тие се надеваат дека богатството е во близина. Пабло Ескобар бил лидер на картелот Меделин, кој во 80-тите години на минатиот век произведувал 80 проценти од кокаинот во светот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.