(ВИДЕО) ПЕСНАТА КОЈА ТОШЕ ЈА ОБЈАВИ НЕКОЛКУ ДЕНОВИ ПРЕД СМРТТА: Не била наменета за него, но кога ја слушнал тоа било крај !

Песната “Игри без граници” која ја здогледа светлоста на денот само неколку месеци пред трагичниот крај на нашиот Тоше, успеа да ја одбележи кариерата на најдобриот вокал на овие простори.

Многу луѓе ги тумачеа скриените пораки на оваа песна, за тоа дека во неа е опишан животот на Тоше, но вистината е дека таа песна не била наменета за него, туку тој сам, судбински ја одбрал. Или таа песна го одбрала него.

“Тоа е песна која ја пишував пред да го запознаам Тоше. Го сретнав Никша Братош и му велам – Имам една песна која не ја давам на никој. На никој. Тоа е толку добра песна, што морам сам да ја отпеам, па макар и се да расипам. Но барам од тебе да го направиш аранжманот. И тој прифати. Ме праша како се вика песната, а јас му викам Игра без граница”, вели Мирослав Рус, човекот кој го напишал текстот за оваа песна. Тој е композитор кој соработувал со Жељко Бебек, Црвена Јабука, Мишо Ковач…

По некое време Тоше и јас се возиме со автомобилот и тој ме прашува:

-Си имал некои песни кои ги пишуваш само за себе ?
– Да…
– Дали може да слушнам некоја?
– Тоа се шансони, тешки песни… не е тоа популарна музика.

Но Тоше копаше низ моите ЦДа и одеднаш се насмевна. Пронајде ЦД на кое пишуваше “Мирослав Рус- песна која не ја давам на никој”.

Тој ја слушна и тоа беше крај. Едноставно не дозволи да сонувам за тоа дека ќе ја дадам на некој друг или самиот ќе ја отпеам… Негова и крај, раскажува Рус.

Во студиото сите му викаа дека тој е премногу млад за таа песна, дека ќе биде тешка за него…

“Не размислуваа дека се работи за вонсериски пејач. Кога ја отпеа песната сите беа воодушевени. Има пејачи чии вокали ги снимаме повеќе дена. Тоше ја отпеа од прва. И кога ја отпеа ме повика на страна и тивко ме праша:”Рус, дали ја отпеав добро?”.

– Боже, ја отпеа подобро од тоа што јас ја напишав.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.