Северна Кореја планира да спроведе уште едно контроверзно лансирање на ракета чија цел ќе биде, ни помалку ни повеќе, Месечината.
Соопштението на Пјонгјанг доаѓа само еден месец откако американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, начелно се согласија да отпочнат дијалог.
Но, постои страв дека Северна Кореја би го загрозила преговарачкиот процес.
Извори на американската влада тврдат дека шефовите на Пентагон го откриле сателитското лансирање во близина на истражувачкиот полигон во Санум-донг.