На денешен ден во 1991 година Црвена Ѕвезда ја одигра една од најдобрите утакмици на гостувањата во европските натпреварувања.
Во првата утакмица од полуфиналето на Купот на европските шампиони, во Минхен се сретнаа Баерн и Црвена Ѕвезда. Остана забележано тоа што директорот на Црвена Ѕвезда , Драган Џаиќ пред заминувањето во Германија, најавил победа.
Но, по 23 минути игра домаќинот доминирал и конечно бил постигнат гол во мрежата на Ѕвезда. Машинеријата на црвено-белите не се откажувала лесно. Се’ се променило во 45-та минута, кога бил одигран еден од најбрзите контра-напади во историјата на фудбалот. Радиновиќ, Белодедиќ, Просинечки, па топка за Винич и егзекуција на македонската легенда Дарко Панчев. Гол за израмнување и молк во Минхен.
Најголемото изненадување на мечот следело во 70-та минута. Уште една молскавична контра на Панчев со Савичевиќ за конечен пресврт од 2-1.
Погледнете: