(ВИДЕО) Ова момче некогаш било малтретирано на училиште, денес е на врвот на светот! Еве како изгледал животот на најуспешниот бизнисмен

Еден од најуспешните бизнисмени и иноватори на денешницата поминал долг пат до врвот.

Некогаш повлеченото момче вчера успешно ја лансираше ракетата “Фалкон хеви” во орбитата, во која се наоѓал и еден блескаво црвен “Тесла роадстер”.

Oва случување ќе остане забележано во историјата поради повеќе причини – освен тоа што по прв пат еден автомобил се најде во вселената, оваа ракета ќе овозможи носење на тежок товар во вселената и, потенцијално, човечки експедиции на Месечината и Марс. “Фалкон хеви” може да пренесува 64 тони товар, што е повеќе од “боинг 737”, заедно со сите патници и горивото.

Илон Маск е роден во Преторија, во Јужна Африка. Како момче бил малку повлечен, но сакал да чита. Маск вели дека е зависник од книги и дека како тинејџер понекогаш читал два романи во еден ден. Особено го интересирале компјутери и научна фантастика.

Неговиот татко психички ги злоупотребувал децата, а во училиштето бил и физички малтретиран, поради што заминал во Америка.

Маск и е благодарен на неговата мајка поради тоа што го научила на важноста да креира сопствени прилики во животот.

Во една таква прилика децата од училиштето го турнале преку бетонски скали, а еднаш толку многу го претепале што завршил во болница.

 

После само два дена на елитниот Универзитет Стенфорд ги прекинал студиите по физика за да основа фирма. Четири години подоцна ја продал фирмата за 19 милиони евра. Основал компанија за плаќање со помош на интернет од која подоцна го развил “Пејпал”. Акциите од оваа компанија во 2000 година ги продал за 150 милиони долари.

Додека бил на колеџ изведол експеримент во кој за месец дена на храна трошел само еден долар дневно. Тогаш воглавно живеел од резанци, а да го спречи недостатокот на витамин Ц додавал и црвена пиперка.

Маск денеска е основач и извршен директор на аеронаутичката компанија “Спејс X”, коосновач, извршен директор и дизајнер на производи во компанијата “Тесла моторс” и претседател на Соларниот град. Исто така тој е и основач на компанијата “Спејс X”, соосновач на компанијата “ПејПал”, “Тесла моторс” и “Зип2”.

Ја направил и најголемата литиум-јонска батерија на светот и ја сместил во Австралија. Маск исто така сака револуционерно да го промени транспортот. Смислил футуристички супер брз транспортен систем познат како “Хајперлуп”, а неговата компанија “Боринг” работи на развој на систем од тунели за транспорт со брзина од 1.200км/ч.

Првата куќа во квартот “Бел Ер” во Лос Анџелес ја платил 15 милиони евра. Денеска поседува уште четири вили, а една од нив ќе биде претворена во приватно училиште во кое ќе учат неговите 5 синови заедно со децата од пријателите.

Во Холивуд е јавна тајна дека Маск им послужил на сценаристите од филмот “Ајронмен” како пример за ликот на супербогатиот, ексцентричен гениј Тони Старк. Во вториот дел се појави и самиот Маск, а за возврат им било овозможено да снимаат во една од фабриките за производство на Тесла автомобили.

 

Компанијата на Маск “Спејс X” вчера успешно ја лансираше ракетата “Фалкон хеви” која во вселената однесе и автомобил Тесла.

 

Илон Маск денеска се смета за еден од најуспешните бизнисмени во светот.

Од 2010 до 2016 Маск два пати се венчаше со британската глумица Талулa Рајли. Има пет синови од првиот брак со Џастин Маск. До неодамна беше во врска со глумицата Амбер Херд, а се шпекулира дека и понатаму се забавуваат.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.