Претседателот Путин ја купил новата вила Ла Загалета во Марбеља, кој според медиумите, вреди 35 милиони евра.
Путин оваа вила ја купил за да се занимава со производство на вино, па го ангажирал и познатиот енолог Питер Шишек, кој будно ќе го следи развојот на грозјето, а потоа и производството на вино. Дваесет и пет најдобри сорти на вино ќе бидат насадени на имотот од оваа вила, според пишувањето на светските медиуми.
“Пингус” сортата на лозје е опишана како култна, а може да се продава по навистина високи цени, ако се произведе без ѓубриво и пестициди. Токму оваа сорта ќе ја сади и претседателот Путин, а цената на едно шише ова вино чини и повеќе од 900 евра.
#Putin, luxury #wine producer: #Russian president could produce one of the world's most expensive wines http://t.co/36eqYPIlNL
— Int Wine & Food Soc. (@IWFSAmericas) January 9, 2015
Вилата ја купил пред две години, а до ден денес се занимава со нејзино редизајнирање.
Вилата се наоѓа во ексклузивниот и заграден имот “Ла Загалета”, на кој има приватен хелиодром и гаража во која можат да се сместат 22 возила. Неговиот шпански дом се наоѓа на мала оддалеченост од аеродромот во Малага, а има површина од 18.000 квадрати и се наоѓа на надморска височина од 400 метри.
Како што пренесуваат медиумите, се очекува многу пријатели на рускиот претседател да купат имот во овој крај, а многумина од нив веќе сега поседуваат недвижности во овој дел од светот.
А/Г/