Една фирма во Јапонија, земјата каде компаниите се познати по долгото работно време и често стресна хиерархиска дисциплина, пронашла терапија за намалување на стресот – мачки.
Во една канцеларија на информатичката фирма “Фереј”, девет мачки скокаат на вработените, шетаат по тастатурите, спијат, јадат и слободно се движат низ просторијата.
Директорот на компанијата Хиденоб Фукуда решил да ја промени политиката на фирмата и да донесе мачки во канцелариите. Тоа го направил на барање на еден од своите соработници. Директорот дозволил дури и да си ги носат домашните миленици на работното место.
Ф.Г.