Lost and Found е песната која ќе нè претставува на годинешниот избор за најдобра песна на Евровизија.
Бендот Eye Que за првпат ја промовираше избраната песна денес, на 11 март, точно во 19.30 часот во Дневикот на МТВ1.
Музиката и текстот за песната ги напиша фронтменот на Eye Que, Бојан Трајковски, а аранжманот е на Дарко Димитров.
Режисерот на спотот е Јован Коцировски, додека огромен тим бил задолжен за тој да изгледа беспрекорно бидејќи е снимен во еден непрекинат кадар, односно т.н. one shot спот.
Да го видиме конечниот музичкиот производ од Македонија кој ќе нè претставува оваа година во мај на Евросонгот 2018, којшто ќе се одржи во Лисабон: