Како изгледале последните часови на Осама бин Ладен, кога го ликвидирале американските “фоки”, за прв ги опиша неговата четврта жена Амал, пренесува лондонски “Сан”.
Семејството на Осама бин Ладен проговори за прв пат за тоа како изгледало кога “мозокот” и лидерот на Ал Каеда бил ликвидиран за време на акцијата на американските војници.
Амал бин Ладен, четвртата и најмлада жена на човекот кој бил на американската листа на најбарани терористи, повеќе од една деценија, го раскажа настанот за ноќта кога Осама умрел на рацете на американските “Фоки”.
Таа и нејзините шест деца живееле во “сигурна куќа” во планините Аботабада во Пакистан, каде бил убиен и Бин Ладен на 1 мај 2011 година.
Заедно со Амал и нејзините деца, во куќата живеела и втората жена на Бин Ладен, Каирија и неговата трета жена Сехам и синот Калид (22). Првата жена Најва, која се омажила за него како тинејџерка и му родила 11 деца, го оставила два дена пред нападот на 11 септември.
Околу 23 часот на 1 мај 2011 година, по вечерата и молитвата, Бин Ладен брзо заспал додека неговата четврта жена лежела покрај него. Надвор улиците биле мрачни, бидејќи немало струја, што била честа појава во таа област, а Амал се пробудила пред полноќ. Слушнала звуци и видела сенки кои се појавуваат на прозорците. Бин Ладен се разбудил и бил исплашен.
“Американците доаѓаат” рекол задишан.
Потоа се слушнал вресок и куќата била нападната. Тие двајца се фатиле за раце и излегле на балконот.
– Таа ноќ беше без месечина и тешко беше да се види било што, рекла Амал.
На тревникот надвор од нивната куќа, имало два американски хеликоптери “Црн јастреб” и 24 маринци кои брзо се движеле кон објектот. Горе, на вториот спрат на балконот, Сехам и Калид виделе како Американците се приближуваат.
Бин Ладен го повикал својот син да појде до него, но зел и калашников. Амал и Сехам ги тешеле децата кои плачеле. Сите заминале на последниот спрат. Слушнале експлозија кога “фоките” ја кренале капијата во воздух.
“Тие ме сакаат мене, не вас”, рекол Бин Ладен, говорејќи му на семејството да оди долу.
Сумаија и Миријам, ќерките на Осама се упатиле кон маринците, но набрзо биле насочени кон ѕидот од страна на човек кој говорел арапски. “Фоката” Роберт Онил поминал покрај нив и влегол во собата. Амал била пред својот сопруг. Тргнала кон Онил, но некој пукал во неа додека останатите маринци влегувале во собата.
Амал почувствувала болка во ногата, паднала на кревет и се онесвестила. Онил покасно опишал како пукал во Бин Ладен. По него во собата влегле и други американски војници и испукале неколку куршуми во лидерот на Ал Каеда.
Во меѓувреме Амал се пробудила, но не знаела дали да глуми дека е мртва. Ги затворила очите и се обидела да го успори дишењето. Малиот Хусеин, кој присуствувал на целиот наста, го грабнале “фоките”…
Ф.Г.