Кинеската вселенска лабораторија “Тијангонг 1”, која поради разрушување неконтролирано паѓа кон Земјата, сигурно нема да ја погоди планираната изолирана точка во јужен Пацифик, позната како “Точка Немо”.
Ова е најоддалеченото место од копно и претставува “гробница” на многу титаниумски резервоари за гориво и друг високотехнолошки отпад од вселенските станици.
“Точката Немо” која го добила името по капетанот од романот на Жил Верн, е најоддалечената точка од копно, од било која друга точка на светот и тоа со 2.688 километри од островот Питкерн.
“Тоа е најповолната локација за контролирано рушење од вселената, бидејќи никој не би се движел во тој простор”, вели Стејн Леменс од Европската вселенска агенција (ЕСА).