Брајсон Вилијам Вердун Хејс, ветеран од Втора светска војна, скокна со падобран на 101 година и стана најстариот човек кој го направил тоа.
Со Хејс заедно скокнале неговиот син, внукот, правнукот и правнуката.
Воениот ветеран чиј 101 роденден го прославил пред 38 дена, влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстариот човек кој скокнал со падобран. Тоа пред него го направил Арманд Гендро од Канада кој имал 101 година и 3 дена кога скокнал во 2013 година.
Хејс изјавил дека сака да скокне со падобран и кога имал 90 години, но од таа идеа го одвратила, кој друг ако не неговата жена. Првиот пат скокнал минатата година на 100 години.
Служел во британската војска во Втора светска војна и награден е со француската Легија на честа за храброст.
Ф.Г.