Само што стапи на функција, новиот премиер на Словачка Петер Пелегрини се најде во центарот на вниманието на јавноста, откако на прес-конференција за медиумите од сакото му испадна кесичка со бел прав додека го вадеше мобилниот телефон, пренесува порталот Република.
Социјалните мрежи се преполни со коментари за контроверзната снимка, а моментот го забележа и коалициониот пертнер Бели Бугар кој го придружуваше премиерот на пресот.
Пелегрини на функцијата премиер стапи вчера на местото на Роберт Фицо кој отстапи од позицијата под притисок на јавноста по убиството на познат словачки новинар кој ја истражувал поврзаноста на луѓе од власта со италијанската мафија.
Видеото можете да го погледнете ТУКА.