Минувачите гледаа во неверување како маж во својот автомобил вози лав по улиците на Карачи, пакистански град во кој живеат околу 20 милиони жители.
Загрижените граѓани набрзо повикаа полиција, која ги превзела неопходните мерки и го уапсила човекот кој го возел дивото животно.
Иако чувањето на диви животни во Пакистан е ретка појава, сопственикот на лавот е обвинет за нарушување на јавниот ред и мир и негрижа за своето “милениче”.
– Утврдивме дека Саклаин Џавед има дозвола да ја управува својата приватна Зоолошка градина и да се грижи за диви животни, но не и да ги вози по улиците. Со својата постапка го загрози јавниот ред и мир и државниот имот – соопштено е од полицијата.
Сопственикот на лавот изјавил дека го враќал животното од ветеринар, каде претходно го носел на преглед.
Ф.Г.