(ВИДЕО) НЕ МОЖАТ ЕДЕН БЕЗ ДРУГ: Трамп и Макрон повторно го насмеаа светот со нивното ракување

Ниту вчерашната средба на Трамп и Макрон не помина незабележано и тоа не поради темата на која разговараа, туку поради односот кој го имаат еден кон друг.

Макрон добро се подготвувал пред да стигне во Вашингтон, бидејќи знаел што го чека. Да ве потсетиме, на ниваната средба во Париз во јули минатата година, цврсто се држеа за раце подолго од 25 секунди.

Највпечатливиот детаљ беше тоа што Трамп ја држеше раката на Макрон и додека се поздравуваше со неговата сопруга Бриџит.

Трамп на состаноците со светските лидери често доминира, токму поради неговото необично поздравување.

Макрон го знаепе тоа, па затоа вчера за време на ракувањето го пргрна и бакна Трамп. Тоа го повтори и на заедничката конференција за медиумите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.