Австралискиот инженер Питер Мекмехон, кој има искуство во истрага на несреќи, неодамна изјави дека преку “Google Earth” апликацијата ги пронашол остатоците од малезискиот авион МХ370 кој исчезна во летото 2014 година.
Како што тврди Мекмехон, остатоците на авионот се наоѓаат на 16 километри јужно од островот Раунд, кој се наоѓа на 22.5 километри северно од Марурициус, во делот на океанот кој претходно не бил истражуван.
Тој тврди дека остатоците на авионот се чуваат во тајност поради тоа што на нив ќе се забележат дупки од куршуми.