(ВИДЕО) НАЏА ПРЕЖИВЕАЛА ВИСТИНСКИ ПЕКОЛ: Трогателна исповест на девојка која терористите ја користеле како робинка за секс

Наџа Мурад (24) борците  од Исламска држава ја држеле како секс робинка, а таа сега проговори за ужасите кои ги преживеала.

Наџа е припадничка на курдската заедница Језида во Ирак, и била една од околу 7.000 девојки и жени на оваа заедница кои биле киднапирани во 2014 година.

Терористите го уништиле градот Синјар, а на мажите им наредиле да им се придружат или ќе биле убиени. Жените биле земени и продавани како секс робови. Наџа тогаш останала без целото семејство, кое терористите брутално ги убиле, а неа ја однеле во Мосул.

Наџа во својата книга ги опишала сите ужаси кои ги преживеала. Сексулано изживување и насилството започнале веднаш што ја сместиле во автобусот за Мосул. Еден од џихадистите ја фатил за градите.

“Како да почувствував оган. Никогаш никој претходно ме немаше допрено така. Моите солзи паднаа на неговата рака, но тој не престана”, се сеќава Наџа и додава дека терористите ја однеле на пазарот за робови.

Наџа ја купил еден судија на кој му била четврта таква робинка. Била заробена во неговата куќа, каде ја силувал секој ден. Ја тепал ако ги затворела очите додека ја силувал и ја присилувал да лиже мед од неговите стапала.

Наџа се обидела да побегне, но брзо ја фатиле. Тогаш шестте чувари брутално одденаш ја силувале за казна, а потоа ја силувале и останатите џихадисти.

“Никогаш не знаете кој ќе ја отвори вратата и ќе ве нападне. Знаеш само дека тоа ќе се случи и дека може да биде уште полошо”, вели таа.

Несреќната девојка некако успеала да побегне од канџите на терористите. Дошла до кампот за бегалци во северен Ирак и станала една од 1000 жени одбрани од програмата за бегалци на германската влада минатата година.

Од тогаш работи како активистка и номинирана е за Нобеловата награда за мир.

Во книгата порачала: “Сакам да бидам последната девојка на светот со приказна како што е мојата”.

 

A/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.