Кога починал Вилијам Винчестер во 1881 година, на својата сопруга Сара и оставил огромно богатство. Погледнете какви бизарни идеи имала оваа депресивна вдовица, за која се верува дека комуницирала со духови.
Откако наследила 20 милиони долари по смртта на својот сопруг Вилијам, Сара Винчестер изградила огромна куќа на 65 хектари во Калифорнија. Сама, без деца, депресивна поради загубата на сопругот, својата палата ја изградила за да ја изгуби болката .
Сара постојано ги менувала плановите, речиси секојдневно. Градежните работници биле многу добро платени, па и ги исполнувале сите желби.
Домот на Винчестер има 300 соби на повеќе од 7 ката, 13 купатила, две сали за балови, 6 куњи, 47 камини, 3 лифтови. Мистериите кои ја опкружуваат Сара и нејзините ексцентрични верувања направиле куќата и понатаму да се смета за проколната.
Таа не запослила архитект кој ќе ја дизајнира куќата, туку “комуницирала со духови” кои со помош на табла и давале инструкции, па поради тоа имало толку промени на планот.