(ВИДЕО) МУ СЕ СМЕЕ ЦЕЛА ЕВРОПА: Еди Рама и неговите патики

Премиерот на Албанија Еди Рама, освен по агресивните политички ставови, одамна е препознатлив и по невообичаениот стил на облекување, кој, мора да се признае, не е секогаш соодветен.

Најголемо внимание предизвика во јули минатата година кога на Самитот на Берлинската иницијатива во Трст се појави во бели “адидас” патики и црно одело.

Пред тоа, во мај минатата година, на состанокот на премиерите на Западен Балкан во Брисел се појави во патики и панталони кои повеќе изгледаа на тренерки.

Во август реши да го подобри својот изглед со невообичаена кравата. На самитот на Јадранската повелба одржан во Подгорица, се појави во одело и бели патики, а оваа комбинација ја декорираше со кравата која имаше цветен дизајн.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.