(ВИДЕО) МУНДИЈАЛ НЕ Е МУНДИЈАЛ БЕЗ МЕНЕ: Ибрахимовиќ откри дека оди во Русија и го остави американскиот водител без збор

Фудбалската суперѕвезда Златан Ибрахимовиќ има големо его, но не е паметно некој да му противречи, дури ниту ако сте познатиот Џими Кимел.

Кимел се обиде да му објасни на Ибра дека неговиот фудбал се вика “сокер”, но мораше да се премисли.

-Слушај, прво и основно, сокер – фудбал, така го викаме во Европа.

– Ние го викаме сокер! Прифати го тоа, не се откажуваше Кимел

– Ние го викаме фудбал. Тоа е најголемиот спорт на светот. Замисли само кога играш фудбал, и кога си на врвот, како се чувствуваше- пресече Ибра, кој додаде дека ужива во сонцето на Калифорнија и славата која ја има преку океанот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.